Кандидати за патријаршискиот престол на Романската Црква
 
 
 
 
 

Кандидати за патријаршискиот престол на Романската Црква (12.09.2007)

Денеска, после богослужбата, членовите на Светиот Синод на Романската Православна Црква се состанаа за да ги одредат официјално кандидатите за патријаршискиот престол. Засега се избрани тројца кандидати: Митрополитот на Молдавија и Буковина г. Даниел, Митрополитот на Клуж г. Вартоломеј и Епископот на Ковасна и Харгита г. Јован. На патот кон оваа вонредна седница сите Епископи изјавуваа дека ќе гласаат со страв Божји. За време на избирањето на кандидатите за патријаршискиот престол пред патријаршиската зграда верниците чекаа со нетрпение.

 

За гласањето е потребно присуство најмалку на две третини од членовите на избирачкото црковно-народно тело. Ќе биде избран оној што ќе добие 50% плус еден од гласовите. Ако ниеден од овие тројца кандидати не добие мнозинство на гласови ќе се организира ново гласање, на кое ќе кандидираат само првите двајца кои добиле најголем број гласови на првото гласање. Новиот патријарх ќе биде востоличен за три седмици.

Во 17.00 часот ќе се одржи седницата на Црковното-народно собрание за избор на новиот патријарх. Резултатот на изборот ќе биде објавен околу 19.00 часот.

 

      

 

 

      

Известува: www.protv.ro, www.patriarhia.ro, www.mmb.ro