Нов Романски патријарх е Даниел, Митрополит на Молдавија и Буковина (13.09.2007)
Новиот поглавар на Романската Православна Црква беше избран вечерта на 12 септември 2007 година со 95 гласа од вкупно 161 на црковното изборно собрание.
„Благодарен сум му на Светиот Синод и на изборната комисија за изгласаната доверба. Ќе продолжам да ѝ служам на Православната Црква како што тоа го правеше и патријархот Теоктист“, изјави новиот поглавар на Романската Црква, г. Даниел.
Патријархот Даниел е шести по ред патријарх на Романската Православна Црква.
Извор: www.patriarhia.ro