Одложено есенското заседание на Архиерејскиот Собор на Српската Црква (24.09.2007)
Светиот Синод на Српската Православна Црква на својата работна седница одржана на 6 септември 2007 година во Младеновац, донесе решение по основ на 59 член од Уставот на СПЦ, да го одложи заседанието на Архиерејскиот Собор кој требаше да се одржи на 16 октомври 2007 година. Ова решение е донесено заради здравствената состојба на Српскиот патријарх Павле.
Извор: Патриархиа.ру