Здравствената состојба на Грчкиот патријарх е критична
 
 
 
 
 

Здравствената состојба на Грчкиот патријарх е критична (27.09.2007)

Под знак прашање е одржувањето на заседанието на Светиот Синод на Грчката Православна Црква, соопштува грчката телевизија „Антена“. Заседанието е планирано од 9 до 12 октомври. Заради здравствената состојба на Грчкиот архиепископ Христодул одржувањето на заседанието на Светиот Синод е под знак прашање. Од пред еден месец Архиепископот е во САД, каде што чека на операција за трансплантација на црн дроб. Во моментов се водат преговори и се размислува дали заседанието да биде одложено или да биде одржано во еден ден.  

 

Известува: Православие.бг