Меѓународен научен симпозиум во Истанбул (28.09.2007)
Со благослов и под покровителство на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, во Истанбул беше одржан Меѓународен научен симпозиум „Свети Јован Златоуст, Архиепископ Цариградски“, по повод 1600-годишнината од упокојувањето на Светителот. На Симпозиумот зедоа учество претставници од следните помесни Православни Цркви: Александриската, Антиохиската, Ерусалимската, Руската, Грузиската, Српската, Романската, Кипарската, Грчката, Албанската, Полската, Финската, Естонската и Православната Црква на Чешка и Словачка. Учесници на симпозиумот беа и богословските факултети, духовни училишта и православни институти од Атина, Солун, Санкт Петербург, Бостон, Париз, Шамбези, Минхен, Букурешт, Сибиу, Јаши, Софија, Енсуу (Финска). На симпозиумот беше присутна и официјална делегација од Света Гора Атонска.
Симпозиумот, кој траеше од 13-18 септември собра околу 80 научници, специјалисти во областа на проучувањето на житието и делата на великиот Црковен Отец и вселенски Учител.
На 14 септември, денот на упокојувањето на Светителот и празник на Воздвижението на Крстот Господов (по нов стил), патријархот Вартоломеј отслужи Божествена Литургија во патријаршискиот соборен храм на свети Георгиј Победоносец во Фанар.
Извор: www.ec-patr.com