Интронизација на Романскиот патријарх (01.10.2007)
Илјадници луѓе се искачија вчера наутро на Ридот на Митрополијата за да присуствуваат на церемонијата на востоличувањето на новиот патријарх. Митрополитите на Светиот Синод на патријархот му ставија црвена мандија, симбол на патријаршиската власт. Потоа, му подарија граден крст, знак на победата врз гревот. Му подарија и две панагии, а тоа се два медаљони, едниот е со ликот на Господ Исус Христос, а вториот го носи ликот на Пресвета Богородица. На главата му ставија митра, симбол на трновиот венец којшто го носеше Исус Христос. Власта дадена за раководење на Црквата беше означена со давањето на патријаршиски жезол. На церемонијата присуствуваа повеќе јавни личности од романската држава: претстедателот на државата, поранешни претседатели на Романија, министри, членови на Влада, амбасадори, како и кралот Михаил.
Попладнето, сите присутни од патријаршиската катедрала се собраа во палатата каде што официјално му честитаа на новиот патријарх. Потоа, патријархот Даниел беше поканет во палатата Котрочени, каде што претседателот на Романија му предаде орден „Ѕвезда на Романија – Голем Крст“.
Во своето обраќање до верниот народ, Неговото Блаженство за својата мисија рече дека е „едно тешко бреме носено на слаби рамења“.
Извор: www.protv.ro