Московската Патријаршија оформува работна група за прашањето за првенството во Црквата
 
 
 
 
 

Московската Патријаршија оформува работна група за прашањето за првенството во Црквата (05.10.2007)

Работна група треба да ја утврди позицијата на Московската патријаршија по однос на прашањето за првенството во православната Екумена. Групата беше создадена во рамките на Богословската комисија при Патријаршијата и е возглавена од Епископот егоревски Марк. Членовите на комисијата ќе подготват проект за документ што ќе ја претстави гледната точка на Руската Православна Црква по ова прашање, кое често ги поделува помесните Православни Цркви денес. Се претпоставува дека темата за првенството во Црквата ќе биде разгледана на заседанието на Богословската комисија во декември 2007 година.

За разлика од Римокатоличката црква, Православната Црква на светско ниво нема еден поглавар, „врховен првосвештеник“ (pontifex maximus).  Таа има „прв меѓу еднаквите“, што пред расколот во 1054 година бил Римскиот епископ, а после тоа станува Цариградскиот патријарх. Но, денес помесните Православни Цркви на различен начин ги сфаќаат приматот и улогата на Цариградската патријаршија. Едните гледаат во приматот само првенство по чест, други ѝ припишуваат на Цариградската патријаршија координирачки функции, а трети гледаат на неа како на виша судска инстанца.

Прашањето за приматот на Римскиот папа и на Цариградскиот патријарх ќе биде разгледано и на заседанието на мешаната православно-католичка комисија, што ќе започне на 9 октомври во италијанскиот град Равена и ќе трае една недела.

Како што неодамна изјави Епископот виенски и австриски Иларион Алфеев, на овој дијалог Руската Црква ќе ја штити својата сопствена позиција и „не може да стане збор за никакви компромиси“.

 

Извор: Интерфакс