Започнуваат заседанијата на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Започнуваат заседанијата на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква (06.10.2007)

Заседанијата на полниот состав на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква ќе се одржат во текот на наредната седмица. Архиереите ќе заседаваат на 10 и 11 октомври. Во исто време ќе заседаваат и архиерејските комисии, кои разгледуваат прашања од различни области на црковниот живот – богослужбите, богословието, финансиите, просветата итн.

Според член 115 од Уставот на БПЦ, Светиот Синод во полн состав се свикува редовно секоја година во јуни и ноември, а вонредно кога сметаат за потребно патријархот или Светиот Синод во намален состав или кога тоа ќе го побара половината од епархиските архиереи.

Извор: Двери.бг