Влошена здравствената состојба на Грчкиот архиепископ Христодул
 
 
 
 
 

Влошена здравствената состојба на Грчкиот архиепископ Христодул (08.10.2007)

Здравствената состојба на Грчкиот архиепископ Христодулос (68), кој боледува од рак на црниот дроб е влошена, констатираа лекарите од Мајами кои денеска требаше да извршат трансплантација на органот.

Грчката Православна Црква соопшти дека поради влошената состојба, на патријархот денеска не му била извршена предвидената трансплантација.

„Пресадувањето на црниот дроб беше невозможно, затоа што беа откриени метастази во пределот на стомакот“, соопшти лекарот Андреас Цакис.

Тој посочи дека патријархот ќе биде подложен на соодветен метод на лечење.

Извор: ERT


Да се помолиме сите за Архиепископот Христодул.

Редакцијата на сајтот на МПЦ