Заседание на Светиот Синод на Грчката Црква
 
 
 
 
 

Заседание на Светиот Синод на Грчката Црква (09.10.2007)

Во манастирот Петраки во близина на Атина започна планираното заседание на Светиот Синод на Грчката Црква во полн состав, таканаречен „Синод на архиереите“, којшто за првпат се собира без својот поглавар, Атинскиот архиепископ Христодул. Лошите вести во врска со здравјето на Архиепископот, коишто вчера дојдоа од Мајами, Флорида, го одредија духот на заседанието. Заседанието започна со молебен за архиепископот Христодул, после кој помладите митрополити предложија одложување на заседанието на Синодот на архиереите за друго време. Шестмина митрополити не дојдоа на заседанието. Некои се со мислење дека не е добро Синодот да се поместува за друга дата, бидејќи Грчката Црква влегува во тежок период и треба сите архиереи да заседаваат совесно и одговорно.

Архиепископот Христодул откако се освестил и дознал за развојот на операцијата рекол дека Бог си ја знае работата и изразил желба да се врати во Грција.

 

Известува: Dveribg.net