Во Рускиот парламент e внесен предлог-законот за забрана на рекламирање на окултни услуги (11.10.2007)
Во Рускиот парламент е внесен предлог-закон кој го забранува рекламирањето на дејноста на лекувачи без државно-призната квалификација и на окултни услуги. Иницијатор е заменик претседателот на економската комисија во Парламентот, Владимир Мединскиј. Според него, промените во законот „За Реклама“ се потребни поради тоа што голем број луѓе стануваат жртви на измами од страна на народни лекувачи, магови, екстрасенси и други окултисти. Тој проблем не е регулиран во сегашното законодавство и тој пропуст остава можност за злоупотреба.
Извор: Patriarhia.ru