Александрискиот патријарх Теодор II во официјална посета на Русија
 
 
 
 
 

Александрискиот патријарх Теодор II во официјална посета на Русија (18.10.2007)

На 6 октомври, Неговата Светост Александрискиот патријархт Теодор II за првпат беше во официјална посета на Руската Православна Црква. Во саботата, на 6 октомври, во патријаршиската резиденција на московскиот Данилов манастир беше одржана средба меѓу Рускиот патријарх Алексиј II и Александрискиот патријарх Теодор II. На денот на свети Сергеј Радоњешки поглаварите на двете Цркви сослужуваа на Божествената Литургија во Сергеевата лавра на Света Троица. Во рамките на својата посета патријархот Теодор го посети Нижни Новгород каде што се поклони на моштите на свети Серафим Саровски и каде што учествуваше на конференцијата посветена на 90-годишнината од устројувањето на Руската Православна Црква во Патријаршија. Потоа ја посети Украина, и градот Одеса, каде што од 1985-1990 година го возглавуваше Претставништвото на Александриската Патријаршија при Московската Патријаршија, кое во тоа време се наоѓаше во овој град.

 

             

 

     

 

      

Извор: Patriarhia.ru