Јубилејни свечености во Грузија
 
 
 
 
 

Јубилејни свечености во Грузија (19.10.2007)

Свеченостите по повод 1400-годишнината од основањето на Мцхетскиот манастир Джвари и 30-годишнината од интронизацијата на Неговата Светост, Грузискиот патријарх Илија II беа одржани од 12 до 16 октомври во Грузија.

На 12 октомври претставниците на помесните Православни Цркви беа примени од Грузискиот патријарх Илија II во патријаршиската резиденција. Потоа, следеше поклонение во манастирот на св. Шио Мгвиме, на 30 километри од Тбилиси, основан во VІІ век од св. Шио и 12-те негови ученици коишто дошле од Иран. Гостите се поклонија на неговиот гроб во храмот на манастирот, после што беше приреден прием во трпезаријата од игуменот на манастирот архимадритот Шио.

На свеченостите им се придружи и Цариградскиот патријарх Вартоломеј, Кипарскиот архиепископ Хризостом ІІ, Христофор, Архиепископот на Чешка и Словачка, Владимир, Митрополит на Киев и цела Украина, филипулскиот Епископ Нифон, претставник на Антиохиската патријаршија во Москва, оренбургскиот и бузулскиот Митрополит Валентин, претставник на Московскиот патријарх Алексиј ІІ, претставници на Српската, Романската, Руската Задргранична Црква, на Православната Црква во Америка.

На 13 октомври сите делегации заедно со домаќините отпатуваа за древниот град Мцхета. Во храмот на манастирот Джвари беше отслужен Молебен. После тоа гостите го разгледаа Државниот музеј во Тбилиси. Програмата продолжи со свечен обед кој беше организиран од премиерот на Грузија, г. Зураб Ноагаидели.

Во 18.00 часот патријархот Илија свечено ги пречека Цариградскиот патријарх и останатите делегации пред новиот соборен храм Самеба (Света Троица) каде што беше отслужено сеноќно бдение. По бдението беше организиран прием од претседателот на Грузија, г. Михаил Саакашвили, кој го награди Цариградскиот патријарх со почесен крст на Грузија, изобразен на националното знаме. Официјална вечера во чест на гостите по повод јубилејот организираше градоначалникот на градот Тбилиси, г. Гиги Угулава.

На 14 октомври наутро поглаварите и претставниците на помесните Православни Цркви отслужија Бижествена Литургија во патријаршискиот храм Светицховели. На сите поглавари им беа подарени икони, изработени од злато и скапоцени камења.

На 15 октомври гостите се поклонија на гробот на света Нина во истоимениот манастир, кој се наоѓа на висорамнината над Алазарската долина. Подигнат во ІV век, манастирот бил ограбен за време на атеизмот, а обновен во првобитна состојба во 1991 година. Во 1995 година за игуманија на манастирот е назначена монахињата Теодора. Уште во наредната година се започнува со возобновувањето на манастирот. Во манастирот живеат околу 30 монахињи. Сега во манастирот можат да се сместат над 200 гости.

Вечерта, гостите присуствуваа на празничен концерт, кој започна со пеење на „Кирие Елеисон“ во стар грузиски стил од Грузискиот патријарх Илија II, а  заврши со многулетствие испеано според грузиската традиција од сите учесници.

Јубилејните празнувања завршија со свечен прием во Грузискиот Парламент.

 

Известува: http://www.dveri.bg/content/view/5181/33/