Во Романија се отвораат ново радио и телевизија
 
 
 
 
 

Во Романија се отвораат ново радио и телевизија (25.10.2007)

На денот на свети Димитриј Бесарабиски, после Божествената Литургија во патријаршиската катедрала ќе бидат осветени и свечено отворени студијата за радио и телевизија „Тринитас“ на Романската Патријаршија. Неговата Светост Романскиот патријарх Даниел има основано радио и издававачка куќа „Тринитас“ уште како митрополит на Молдавија и Буковина. Неговата желба Црквата да има свое радио и секојдневен весник е остварена, а заедно со тоа се остварува и неговиот проект за Православна телевизија „Тринитас“.

Празнувањето на светите заштиници на Букурешт, свети Димитриј Мироточив и свети Димитриј Басарабиски, чиишто мошти се чуваат во патријаршиската катедрала, со векови претставува духовна поткрепа за верните од Букурешт и за илјадниците поклоници од земјата. По тој повод на 25 октомври моштите на свети Димитриј Басарабиски ќе бидат изнесени на посебно место за поклонение, каде што ќе останат до недела навечер на 28 октомври.

На 26 и 28 октомври со почеток во 9.30 часот ќе биде отслужена Божествена Литургија на специјално за тоа подготвен подиум до патријаршиската катедрала.

 

Извор: http://pravoslavie.bg/content/view/8373/202/