Парохија во Лион премина под јурисдикција на Московската Патријаршија (27.10.2007)
Оваа седмица, членовите на парохијата во Лион, Франција, кои досега беа под јурисдикција на Егзархатот на Цариградската патријаршија го објавија решението донесено на соборно заседание да преминат во Корсунската епархија на Московската патријаршија. „Веќе сите православни со руска традиција во Лион сме обединети во една канонска структура“, изјави претседателот на Париското здружение за помесно православие со руска традиција во Западна Европа, Серафим Ребиндер.
Тој изрази надеж дека процесот на обединување ќе се рашири „согласно предлогот на Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј II од 1 април 2003 година.“ Тогаш Рускиот патријарх им се обрати со послание на сите Руси во Западна Европа со повик да се востанови единство на руската дијаспора под форма на самостален митрополитски округ, кој подоцна може да послужи како основа за формирање на помесна Православна Црква на Западна Европа“.
извор: Dveribg.net