Архиепископот Христодул се врати во Грција
 
 
 
 
 

Архиепископот Христодул се врати во Грција (27.10.2007)

Вчера, Атинскиот архиепископ Христодул се врати во Грција после двомесечниот престој во Мајами, Флорида. „Среќен сум што се вратив во татковината, чиј народ многу ме сака и кого јас исто така го сакам. Тука ќе го продолжам своето лекување под лекарски надзор. Ја продолжувам својата борба, која не е воопшто лесна, но се надевам на Божјата помош. Се чувствувам добро и ќе продолжам со своите црковни обврски кои ги оставив пред два месеци. Ви благодарам на сите за поддршката – на Владата, која направи сѐ за да го олесни мојот престој во Мајами, на архиереите и на мноштвото благочестиви христијани, кои со своите писма ми ја изразуваа својата поддршка.“

По пристигнувањето, Архиепископот се упати кон архиепископската резиденција в Психико, каде што го очекуваше мноштво народ.

Извор: Ert.gr