О. Захариј, духовно чедо на архимандрит Софрониј Сахаров во посета на Бугарија
 
 
 
 
 

О. Захариј, духовно чедо на архимандрит Софрониј Сахаров во посета на Бугарија (28.10.2007)

Од 29 до 31 октомври во посета на Бугарија ќе биде о. Захариј, духовно чедо на архимандрит Софрониј Сахаров и исповедник во православниот манастир на свети Јован Крстител во Есекс, Велика Британија.

За време на својот престој во Бугарија, о. Захариј ќе ги посети градовите Софија, Велико Трново и Русе. Таму тој ќе разговара со православните христијани и ќе се сретне со студентите од Богословските факултети во Софија и во Велико Трново. На 29 октомври во парохискиот центар на храмот на Покров на Пресвета Богородица во Софија ќе се одржи предавање на тема „Исусовата молитва“. Ќе биде презентирана книгата „За молитвата“ на архимандрит Софрониј, издадена од Русенскиот манастир. На 30 октомври на Богословскиот факултет на Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи предавање на тема „Животот и учењето на архимандрит Софрониј Сахаров“. Средбите со о. Захариј на Великотрновскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ и во Русе ќе се одржат на 31 октомври.

Отец Захариј има студирано теологија на Православниот Богословски институт „Св. Сергеј“ во Париз, а потоа на Солунскиот Универзитет. Во Солун има одбрането докторска дисертација издадена како книга „Христос – нашиот Пат и нашиот Живот. Прилог на богословието на личноста на старец Софрониј“. Книгата е преведена на 4 јазика.

Извор: Dveribg.net