Ерусалимскиот патријарх ја прими делегацијата на Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

Ерусалимскиот патријарх ја прими делегацијата на Руската Православна Црква (29.10.2007)

На 26 октомври, во просториите на Ерусалимската патријаршија, Ерусалимскиот патријарх Теофил III се сретна со членовите на делегацијата на Руската Православна Црква која допатува во Ерусалим по повод 160-годишнината од основањето на Руската Духовна мисија.

„Ние допатувавме во Ерусалим, за да се поклониме на светињите и пред нив да се помолиме за Руската Црква и нашиот народ“, рече Митрополитот смоленски и калининградски г. Кирил и му заблагодари на Неговото Блаженство за учеството на свеченостите посветени на јубилејот на Мисијата.

 

          

На 28 октомври 2007 по повод 160-годишнината од Руската Духовна мисија во Ерусалим беше осветен соборниот храм во Горненскиот манастир. По завршувањето на Литургијата во Горненскиот манастир пристигна Неговото Блаженство Ерусалимскиот патријарх Теофил III, кој отслужи Молебен во новоосветениот храм. Митрополитот Кирил на Патријархот Теофил му подари панагија и уметничка ракотворба од килибар, кој се произведува во Калининград – во главниот град на смоленската и калининградска епархија.

 

Извор: http://www.mospat.ru/index.php?page=38390