Митрополит Кирил: да не се драматизира ситуацијата во односите меѓу Московската и Цариградската патријаршија
 
 
 
 
 

Митрополит Кирил: да не се драматизира ситуацијата во односите меѓу Московската и Цариградската патријаршија (31.10.2007)

Во односите меѓу Руската Православна Црква и Цариградската патријаршија има неколку „пукнатинки“, но црковната диполоматија треба да направи сѐ, за тие пукнатинки да не се претворат во нешто што ќе го загрозува единството на Црквата, изјави на 30 октомври на пресконференцијата во Москва, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на РПЦ Митрополит Кирил смоленски.

Во последно време се зборува за нови пројави на недружељубивост во односите меѓу двата црковни центри на православниот свет: за време на посетата на Франција Неговата Светост патријархот Алексиј не беше поканет во храмот на западноевропската руска архиепископија (Цариградска патријаршија) – парискиот храм на свети Александар Невски; инцидентот во Равена, кога делегацијата на Руската Црква го напушти заседанието на Комисијата за православно-католички дијалог поради несогласување со Цариград; според медиумите Митрополитот Кирил за време на неодамнешната меѓународна екуменистичка конференција во Неапол ја „избегаваше“ средбата со Цариградскиот патријарх.

„Проблеми има и треба да се зборува за нив. Но не треба да се драматизира. Покрај несогласувањето околу прашањето за првенството во Православната Црква, ние остануваме една Црква, обединети сме со една Евхаристија, имаме еден систем на духовни вредности. И кога сето тоа ќе се стави на вага, она што нѐ обединува, со Цариградската патријаршија и тоа што нѐ разделува, се гледа колку е посилно обединувачкото начело,“  изјави Митрополитот Кирил.

Претседателот на ОВСЦ изрази надеж дека дијалогот на Московската и Цариградската патријаршија ќе биде продолжен „во контекст на историската традиција“.

 

Извор: Патриархиа.ру