Романската Православна Црква обвинета за националистичка експанзија и раскол (02.11.2007)
Решението на Синодот на Романската Православна Црква да формира епархија на канонската територија на Московската Патријаршија беше оценета од руската столица како загрозување на единството во православниот свет. „Тоа е националистички обоена експанзиониситчка авантура и директен напад, што води до раскол во православниот свет“, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни врски при Московската Патријаршија и Епископ егориевски Марк.
„Се добива впечаток дека Романската Црква просто станува играчка во рацете на националистички ориентираните политичари и што зачудува е тоа дека Романската Црква тргнала по тој пат“, рече епископот.
Тој исто така напомна дека повеќепати на православни заседанија се зборувало за опасноста од етнофилетизмот и од „влијанието на националистичките идеи во религизните сфаќања.“
Извор: Православие.бг