Пронајдена масовна гробница на свештеници во Новосибирската област (02.11.2007)
Покрај селото Волчанка во Доволенскиот реон на Новосибирската област е пронајдена масовна гробница на свештеници, кои се убиени неколку години после Октомвриската револуција. Од земјата се извлечени тела на 18 луѓе, кои се идентификувани како свештеници.
„Во времето на репресијата, служителите на Црквата биле убавани со лопати и чекани. Само кај еден е пронајдена прострелана рана“, рече Галина Пирх, соработник на издавача куќа во Новосибирската епархија.
Сѐуште има живи жители од селото Волчанка, кои во тој период биле деца и кои слушнале од селаните дека кон крајот на 1920 година за време на црвената чистка во тој крај било убиено повеќе од 60 луѓе.
„Останките на другите жртви на гонењето на Црквата сѐуште не се пронајдени. Селаните зборуваат дека земјата на местото на погубувањето долго време се движела, бидејќи мнозина луѓе биле живи фрлени во јами и закопани“, рече претставничката на Епархијата.
Селаните од селото со својот парохиски свештеник Андреј Гусјев се помолија на Господ за погинатите во парохискиот храм и ги погребаа пронајдени тела.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/071025163519