Бугарскиот патријарх Максим го прослави својот 93 роденден (06.11.2007)
Поглаварот на Бугарската Православна Црква го прослави својот 93 роденден во Тројанската света обител - манастирот на Успение на Пресвета Богородица. По тој повод, Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Максим доби почесно звање доктор honoris causa на Специјализираното вишо училиште по библиотекарство и информациони технологии. Тоа почесно звање му беше доделено на Бугарскиот патријарх за неговите заслуги кон народот и Црквата, кон науката и вишото образование. Претседателот на Народното собрание Георги Пирински и Министерот за култура на Република Бугарија му ги испратија своите честитки за добро здравје и долгоденствие на Бугарскиот патријарх.
Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Максим е роден на 29 октомври 1914 година. Роден е во село Орешак, тројанско. Од 1929 до 1935 г. учи во Софиската Духовна семинарија, којашто ја завршува со одличен успех. Во текот на следните три години тој е певец при храмот на Успение на Пресвета Богородица во Русе. Од 1938 до 1942 изучува теологија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ каде што работи и како певец и библиотекар. На 13 декември 1941 г. за време на последната година од студиите прима монашки потстриг од Ловчанскиот Митрополит Филарет и под духовно раководство на игуменот на Рилскиот манастир, архимандрит Натанаил. Една седмица потоа во храмот на Софиската духовна семинарија посветен на свети Јован Рилски е ракоположен во јероѓаконски чин од Врачанскиот митрополит Пајсиј. После кратко служење како митрополитски ѓакон и пропопведник во Ловчанската епархија назначен е за вероучител во Софиската духовна цеминарија. На таа должност јероѓаконот Максим е околу 5 години. Во меѓувреме, на 14 мај 1944 г. во Черепишкиот манастир е ракоположен во јеромонашки чин од Врачанскиот митрополит Пајсиј. На 12 јули 1947 г. со решение на Светиот Синод е воведен во архимандритско достоинство од Доростолскиот и Червенскиот митрополит Михаил. Од 1 септември 1947 г. до 1 мај 1950 г. архимандритот Максим е протосингел на Доростолско-червенската митрополија, после што (до 1955 г.) е претставник на Бугарското црковно подвоје при Московската Патријаршија. Од 1955 до 1960 е главен секретар на Светиот Синод, а во меѓувреме е и претседател на редакциониот колегиум на Синодалната издавачка дејност на БПЦ. Хиротонисан е во епископски чин со титула Браницки, на 30 декември 1956 г. во патријаршиската катедрала на свети Алексанадар Невски. На 30 октомври 1960 г. е избран, а на 20 ноември е канонски востоличен за Ловчански митрополит. По упокојувањето на патријархот Кирил, митрополитот Максим е намесник-претседател на Светиот Синод. На 4 јули 1971 г. Црковно-народниот патријаршиски изборен собор во Софија го избра митрополитот Максим за патријарх на Бугарската Православна Црква и за Софиски Митрополит.
Извор: Православие.бг