Детска учителка од Бразил - прва православна Светителка на Латинска Америка (06.11.2007)
Марија Алересида Берушко, учителка со украинско потекло од бразилскиот град Суритиба (држава Паран) може да биде прогласена за прва православна Светителка на Латинска Америка. Марија загинала во 1986 година, спасувајќи ги своите ученици за време на пожар.
Прашањето за канонизацијата веќе се разгледува во Укаринската Православна Црква на Латинска Америка (Цариградска патријашија). Наскоро материјалите за канонизација ќе бидат предадени на Светиот Синод на Патријаршијата, кој треба да го донесе конечното решение.
Една од улиците на градот Суритиба веќе го носи името на Марија. Жителите на градот одамна ја сметаат за Светителка и раскажуваат за чудесни случки на излекување на луѓе кои во молитва ја побарале нејзината помош.
Трагедијата се случила на 4 април 1986 година во блиското село Жоаким Тавора. Во селското училиште се запалила и екслопдирала боца со гас. Марија можела да се спаси, но останала во запалената зграда помагајќи им на децата да излезат надвор. Благодарение на подвигот на православната учителка мнозина од нив успејале да се спасат.
Извор: Православие.ру