Средба на Архиепископот Христодул со Архиепископот Хризостом (10.11.2007)
Атинскиот архиепископ Христодул вчера се сретна со Кипарскиот архиепископ Хризостом во својата резиденција. Средбата траеше 40 минути. После средбата Архиепископот Хризостом рече дека сметал за неопходно да го посети поглаварот на Грчката Црква и истакна дека Атинскиот архиепископ треба повторно да ги преземе обврските заради доброто на Грција, а исто така и на Кипар. Архиепископот Христодул од своја страна се информираше за сите прашања, во врска со клирот и за работите од дневниот ред на заседанието на Светиот Синод, кое е закажено за наредната среда.
Известува: Православие.бг