Во Сараево забранета дејноста на гатачите
 
 
 
 
 

Во Сараево забранета дејноста на гатачите (12.11.2007)

 

Општината Ново Сараево соопшти дека ја забранува дејноста на гатачите. Доколку бидат фатени во вршење на ваква дејност ќе им следува казна од 100 до 300 евра. Станува збор за луѓе кои се занимаваат со гатање и претскажување на иднината и слични измами. Исто така ќе бидат казнети и оние кои ги рекламираат ваквите дејности или ги поттикнуваат луѓето да ги ползуваат услугите на гатачите.

 

известува: Двери.бг, Radio B92

 

 

P.S. Да Му благодариме на Господ што нешто паметно се направи во однос на оваа ѓаволска појава. Се надеваме дека тоа ќе биде пример и за останатите барем православни земји и градови.

 

(од редакцијата на сајтот на МПЦ)