Цариградскиот патријарх во посета на Бугарија (12.11.2007)
На 14 ноември 2007 година, Цариградскиот патријарх Вартоломеј, по покана на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, ќе биде во дводневна посета на Бугарија. По пристигнувањето во Софија, Неговота Светост Вартоломеј ќе се сретне со Амбасадорот на Република Турција во Бугарија. При оваа посета на патријархот Вартоломеј ќе му биде доделена титула „почесен доктор“ на Специјализираното вишо училиште по библиотекарство и инфомациони технологии. Патријархот Вартоломеј ќе одржи и предавање пред професорите, студентите и гостите на Вишото училиште на тема „Историја и вистина“. Наредниот ден, Патријархот Вартоломеј ќе биде примен од Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим во патријаршиската резиденција. На 15 ноември Патријархот ќе се сретне со претседателот на Собранието и со претседателот на Република Бугарија.
Извор: Двери.бг