Романската Црква го стопираше решението за формирање на три епархии во составот на „Бесарабската митрополија“
 
 
 
 
 

Романската Црква го стопираше решението за формирање на три епархии во составот на „Бесарабската митрополија“ (13.11.2007)

Романската Патријаршија донесе решение да го стопира создавањето на трите нови епархии на теритoријата на Молдавија, Приднестровјето и Украина.

„Решението на Синодот на Романската Православна Црква од 23 октомври ќе стапи во сила после консултација со Московската патријаршија и со останатите Православни Цркви“, се вели во соопштението на Романската Патријаршија.

Формирањето на новите црковни територијално-административни структури на канонска територија на Московската Патријаршија, Романската Црква го одлучи пред две недели. Согласно решението на Синодот, на територијата на Молдавија во порано создадената „Бесарабска митрополија“ се формираа три нови епрахии – Белцка, Јужно-бесарабска и Дубосарска со Приднестровјето.

„Овие епархии постоеле во Бесарабската митрополија до 1944 година и сега е донесено решение за нивно возобновување по барање на романските православни верници“, изјави прес-секретарот на Романската патријаршија, свештеникот Костел Стојка.

Покрај тоа, надлежниот на „Бесарабската митрополија“ Петар (Педурару) ги најави намерите за распространување на дејноста на Романската Црква и на некои региони во Украина.

Во официјалното соопштение на Романската Патријаршија се потврдува дека „трите возобновени епархии на автономната Бесарабска митрополија, меѓу кои и епископатот на Дубосар и целото Приднестровје, порано биле официјално регистрирани во Владата на Моладавија“.

Во Букурешт предложија да се реши конфликтот при посета на делегација на Романската патријаршија на Москва од 19 - 20 ноември. На 1 ноември Митрополитот Смоленски и Калининградски г. Кирил изјави дека заради сложената ситуација е невозможно средбата да се одржи во Москва „затоа што погрешно би се протолкувала во Молдавија, а исто така во Романија и во Русија.“ Како одговор на тоа Романската Патријаршија ѝ предложи на Руската Православна Црква да се одржи консултативна средба во Грција или на Кипар заради разгледување на проблемот на канонското признавање на Бесарабската митрополија.

„Бидејќи во овој момент е невозможен дијалогот во Москва од 19 - 20 ноември, тој може да биде организиран во други денови и во друга земја, како на пример Грција или Кипар, заради зачувување на атмосферата на православното единство и одговорност“, изјавија од Романската патријаршија.

Како што е познато, по неколку дена Романската Патријаршија донесе решение да го стопира процесот на создавање на епархиите на територијата на Молдавија, Приднестровјето и Украина.

Извор: patriarhia.ru