Српскиот патријарх Павле е примен во Војната болница во Белград
 
 
 
 
 

Српскиот патријарх Павле е примен во Војната болница во Белград (16.11.2007)

Српскиот патријарх Павле се наоѓа во болницата на Воено-медицинската академија во Белград. Патријархот е примен на ВИП одделението на болницата, каде што го посетуваат членовите на Светиот Синод. После прегледот лекарите изјавиле дека причината за слабоста на патријархот не е болест, туку неговата возраст (93 години). Патријархот Павле ќе остане во болницата под постојан лекарски надзор. Во согласност со  точка 61 од Уставот на Српската Православна Црква Митрополитот Амфилохиј Радовиќ е определен да ги исполнува задолженијата на патријархот.

Извор: СПЦ