Романската патријаршија го негираше соопштението дека се откажала од плановите за епархиите во Молдавија
 
 
 
 
 

Романската патријаршија го негираше соопштението дека се откажала од плановите за епархиите во Молдавија (17.11.2007)

Романската патријаршија го негираше соопштението, кое се појави во руските средства за информирање, дека се откажала привремено од намерата за формирање на трите епархии на канонската територија на Молдавија додека не се одржат преговорите со Московската патријаршија. Во изјавата на Патријаршијата се вели дека зборовите од соопштението биле неправилно протолкувани. Романската Црква имала предвид дека „организацијата на трите епархии ќе биде во соработка со Московската патријаршија и останатите сестри-Цркви – поточно поради желбата за укрепување на црковното единство и меѓуправославата соработка“. Од романска гледна точка не станува збор за формирање на нови епрхии, а „Светиот Синод на своето заседание од 24 октомври донесе решение да го признае фактот дека тие епархии веќе биле создадени порано со јурисдикциско решение на Молдавската држава“. Руската страна во спорот тврди дека тоа се случило после времето на фашистичката окупација и било кратковремен факт.

Претставникот на Романската Црква о. Константин Стојка рече исто така дека Романската Патријаршија ѝ предложила на Московската Патријаршија да се сретнат и да го разгледаат проблемот во Австрија или во Швајцарија, после одложената средба во Москва, планирана за крај на ноември.

Светиот Синод на Руската Црква излезе со позиција дека намерите за формирање на трите нови епархии во молдавските градови Белц, Дубосар и Кантемир е нарушување на црковните канони и акт кој го поткопува православното единство.

Во меѓувреме стана јасно дека Светиот Синод на Украинската Православна Црква исто така го изрази своето неспокојство поради намерите на Романците да формираат епархии во Черновицката и Одеската област на Украина.

Извор: Благовест-инфо