Руската Црква доби дел од хитонот на Господ Исус Христос
 
 
 
 
 

Руската Црква доби дел од хитонот на Господ Исус Христос (21.11.2007)

По повод 90-годишнината од востановувањето на Московската Патријаршија, претседателот на Русија Владимир Путин ѝ предаде на Руската Православна Црква дел од хитонот на Христос, којшто беше на чување во музејот на московскиот Кремљ. Од името на 150 архиереи, Неговата Светост патријархот Алексиј му се заблагодари на претседателот на државата „за вниманието кон потребите на Црквата“. Патријархот ѝ вети на државната власт соработка во решавањето на клучните општествени задачи. „Тоа е огромен духовен подарок, една од најзначајните христијански светињи“, изјави патријархот.

Ковчежето со парчето од хитонот на Господ Исус Христос ќе биде поставено во московскиот храм на Христос Спасителот. Во 1625 година шахот Аббас од Грузија го испрати хитонот на дар во Москва на кнезот Михаил Фјодорович и на патријархот Филарет. Подоцна, парчето ткаенина било разделено на неколку дела кои биле испратени на чување во Јарослав, Кострома и Киев. Две парченца Петар I пренел во храмот на светите Петар и Павле и во зимскиот дворец во Санкт Петербург.

 

 

               

 

Извор: Dveribg.net