Во Пловдив екпериментално ќе биде воведено вероучение во детските градинки
 
 
 
 
 

Во Пловдив екпериментално ќе биде воведено вероучение во детските градинки (22.11.2007)

Во шест детски градинки во Пловдив ќе биде воведена по една експериментална група за вероучение. Оваа дејност ќе започне во февруари 2008 година после одлуката донесена во Општината на заседание на Советот за образование. Експерименталното предавање се воведува, бидејќи се очекува во учебната 2008-2009 година задолжително да се започне со изучување на религијата во училиштата и децата треба да бидат подготвени. За таа цел Општината оддели 30 илјади лева од буџетот. „Општината ќе направи сѐ за да се обезбедат професори, учебни програми и помагала“, изјави директорот на Општинската управа „Образование“, Георги Јанев. Тој истакна дека општинското раководство е отворено и кон другите официјални веросповеди и, доколку тие успеат да организираат доволно деца, Општината ќе го финансира одржувањето на часови по соодветна религија. Во моментов во 10 училишта во Пловдив се формирани 16 групи ученици кои изучуваат религија.

 

Извор: http://www.dveri.bg/content/view/5422/29/