Здравствената состојба на српскиот патријарх Павле во последниве денови е многу променлива
 
 
 
 
 

Здравствената состојба на српскиот патријарх Павле во последниве денови е многу променлива (23.11.2007)

Белград – Здравствената состојба на српскиот патријарх Павле во последниве денови е многу променлива. Од вчера тој комуницира со потешкотии, бидејќи не е во состојба гласно да каже ниту еден збор. Изворот на весникот „Курир“ вели дека Неговата Светост после примената терапија на моменти се чувствува добро, но дека сѐ почесто запаѓа во криза.

 

Вчера, патријархот го посетил поглаварот на една верска заедница, но патријархот не бил во состојба со него да разговара. После оваа посета која траела неколку минути, откажани се сите други најавени посети.

 

„Патријархот лежи и не станува бидејќи поради староста му откажаа нозете, а кога не спие, прозборува малку со двајцата монаси кои се постојано со него. Инаку, тој секој ден се причестува, а персоналот и сите коишто прашуваат за него, ги благословува. Меѓутоа, не треба да заборавиме дека тој има 93 години, така што нормално е што негиовит организам е помалку отпорен. Засега добро реагира на терапијата, но сѐуште е далеку од потполно оздравување. На Неговата Светост ќе му бидат потребни минимум три недели за да се опорави ако сѐ биде во ред и ако организмот успее да се избори.

Сите други приказни за тоа дека овие денови би требало да биде пуштен од болницата се нереални. Дури кога патријархот ќе биде во задоволителна состојба, ќе ја напушти болницата.“

Информативната служба на СПЦ издаде соопштение во кое се наведува дека „здравствената состојба на Неговата Светост српскиот патријрах Павле, кој се наоѓа на ВМА, е стабилно“ и дека земјќи ги предвид неговите години, Неговата Светост достоинствено и трпеливо ги поднесува своите болести поради староста, со несебична грижа на лекарите и медицинскиот персонал“.

 

Извор: српскиот весник „Курир“