Еден милион православни во Италија
 
 
 
 
 

Еден милион православни во Италија (23.11.2007)

Според студија на „Каритас“, објавена во италијанскиот весник  „Панорама“, во Италија денес живеат еден милион православни. Во 2006 година нивниот број беше 259.000. Доколку бројот на православните продолжи да се зголемува со оваа брзина, православните ќе станат побројни од муслиманите чијшто број во Италија денеска изнесува 1,2 милиони. Освен тоа, од 500.000 странски ученици кои студираат во италијанските училишта, 117.000 се православни. Бројот на мешаните бракови исто се зголемува од година во година. Поголемото мнозинство на православни во Италија се под раководство на Московската Птаријаршија и Романската Патријаршија. Според етнички план, Украинците, Романците и Молдавците се најбројни.

Руската Православна Црква денеска во Италија има 18 парохии и заедници, меѓу кои 3 цркви се ставропигијални кои се под директна управа на Светиот Синод.

Известува: Еgliserusse