Педесетгодишнина од автономијата на Кинеската Православна Црква (24.11.2007)
Вчера, со благослов на Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј II во Московската Патријаршија беше одбелжан јубилејот - 50-годишнина од автономијата на Кинеската Православна Црква. Во црквата на рамноапостолната кнегиња Олга, Патријархот отслужи Молебен за 222 кинески маченици и парастос за архиереите, духовниците, лаиците на автономната Кинеска Православна Црква и за сите руски мисионери во Кина. Потоа, започна симпозиумот на тема „Православието во Кина“, на кој учество зеде Митрополитот смоленски и калининградски г. Кирил, заменикот на министерот за надворешни рабори на Русија Г.Б. Карасин и академикот М.Л. Титаренко.