Преговори меѓу претставниците на Московската и Романската Патријаршија за состојбата во Молдавија
 
 
 
 
 

Преговори меѓу претставниците на Московската и Романската Патријаршија за состојбата во Молдавија (25.11.2007)

На 22 ноември 2007 година, во Тројанскиот манастир (Бугарија) се одржаа преговори меѓу претставниците на Московската и Романската Патријаршија.

На преговорите, Руската Православна Црква, со благослов на Рускиот патријарх Алексиј II, ја претставуваа Митрополитот черновицки и буковински Онуфриј, заменик на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Епископот Марк, Епископот белцки Маркел, секретарот за меѓуправославни односи на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија протоереј Николај Балашов, соработник на Киевската митрополија свештеник Сергиј Говорун.

Делегацијата на Романската Православна Црква ја составуваа трговишкиот Архиепископ Нифонт, Епископот нижнедунајски Касијан, викарниот Епископ во Патријаршијата Кипријан.

На почетокот на преговорите, со благослов на Бугарскиот патријарх Максим, присуствуваше и Митрополитот ловчански Гаврил, во чија што епархија се наоѓа ставропигијалниот Тројански манастир.

Предмет на преговорите беше состојбата, настаната поради решението на Светиот Синод на Романската Православна Црква во октомври 2007 година да формира три нејзини епархии на канонската територија на Московската Патријаршија. Делегацијата на Руската Православна Црква на романската страна ѝ ја предочи позицијата на Московската Патријаршија по ова прашање, и повика заради зачувување на братските односи меѓу двете Патријаршии да биде разгледано донесеното решение во октомври.

На оваа средба се разменија мислењата. Страните во преговорот ќе ги пренесат изнесените мислења на средбата на членовите на Светиот Синод на своите Цркви. Нагласена е неопходноста од продолжување на преговарачкиот процес.

Извор: Одделот за надворешни врски на МП