Бугарскиот патријарх Максим го смени заменикот кој раководи со заседанијата на Светиот Синод (30.11.2007)
Од Светиот Синод соопштија дека со благослов на Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим се направи промена во заменувањето на патријархот, кога тој отсуствува од заседанијата на Светиот Синод.
Досега Варненскиот и Великопреславски митрополит Кирил претседаваше со заседанијата на архиереите, но се појави вознемиреност дека тоа не е во ред, бидејќи првиот по старост е Сливенскиот митрополит Јоаникиј, најстар член на намалениот состав на Светиот Синод (немало точен текст во уставот на БПЦ за таков случај, но по аналогија се користела точката од членот 17, тврдат канонистите). Отсега Сливенскиот митрополит Јоаникиј ќе претседава со заседанијата на Синодот, во случаи кога патријархот не може лично да раководи со нив. Тоа беше предлог на Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим и покрај противењето на Владиката Јоаникиј, накрај тој се потчини на волјата на патријархот. Според Митрополитите, новиот претседавач со заседанијата е попристапен и конструктивен. Тоа негува надеж за поуспешна работа во иднина на централниот раководителен орган на БПЦ, кој доцни со донесување на решенија по скоро сите прашања од својата надлежност.
Извор: Дверибг.нет