Грчките власти ќе ја признаат македонската црква во Грција
 
 
 
 
 

Грчките власти ќе ја признаат македонската црква во Грција (02.12.2007)

Грчките власти в година ќе го признаат дејствувањето на македонската црква во Грција. Според веста објавена на порталот на „Нетпрес“, Европскиот суд за човекови права во Стразбур им дал рок три месеци за да ја спроведат пресудата по претходна тужба на архимандритот Никодим Царкњас за слободно изразување на верската определба на македонското малцинство. „Демократијата на Балканот не вирее, иако две држави се членки на ЕУ“, едногласни се Ристо Прицков, лидер на Виножито, партија на Mакедонците во Грција, и Јордан Костадинов, лидер на ОМО „Илинден“ во Бугарија. За архимандритот Царкњас, мал е чекорот на грчките власти во подобрување на состојбата за почит на човековите права на македонското малцинство. „Ова е позитивен, но селективен тренд“, тврди Царкњас. Грчките власти ги почитуваат првата на економските емигранти од Пакистан, Авганистан, а малцинствата кои со векови живеат на овие простори не се третираат.

Извор: Утрински весник