Рускиот патријарх во Минхен (04.12.2007)
На 29 ноември 2007 година, Рускиот патријарх Алексиј II беше во посета на парохијата на Руската Задгранична Црква во Минхен. Во оваа прилика патријархот во сослужение со Архиепископот берлински и германски г. Марк отслужи Акатист пред иконата на Пресвета Богородица од Курск. Ова е прва посета на Рускиот патријарх на парохија на задграничната Црква.
Извор: Orthodoxie.org