Свечености во чест на свети Јован Златоуст во Ватопедскиот манастир на Света Гора
 
 
 
 
 

Свечености во чест на свети Јован Златоуст во Ватопедскиот манастир на Света Гора (05.12.2007)

На 25-26 ноември 2007 година во Ватопедската обител на Света Гора беа отслужени сеноќно бдение и Божествена Литургија во чест на свети Јован Златоуст, по повод 1600-годишнината од неговото упокојување коешто се празнува оваа година. Свеченостите во манастирот се одржаа по иницијатива на архимандритот Ефрем, игуменот на манастирот Ватопед. Во празнувањето, покрај архиереи од помесните Православни Цркви (Цариградска патријаршија, Александриска патријаршија, Српска патријаршија, Романска патријаршија, Ерусалимска патријаршија, Романска патријаршија, Кипарска Православна Црква), учество зедоа игумени и браќа од другите светогорски манастири. По завршувањето на богослужбата беше припремена трпеза за сите присутни.

Чесната глава на свети Јован Златоуст се наоѓа во Ватопедскиот манастир на Света Гора. По повод јубилејот манастирот ќе издаде двотомен труд, во кој ќе бидат собрани сите биографски, пофални, химнографски текстови, кои се посветени на „ златната труба на Православието“. 

 

                   

Извор: Mospat.ru