Смоленскиот митрополит Кирил се сретна со Римскиот папа
 
 
 
 
 

Смоленскиот митрополит Кирил се сретна со Римскиот папа (07.12.2007)

На 7 декември во Ватикан се одржа средба меѓу Римскиот папа Бенедикт и смоленскиот и калиниградски митрополит Кирил, претседател на Одделот за внатрешно-црковни врски на Московската патријаршија. На средбата се дикутираше за повеќе прашања во врска со односите меѓу Руската Православна Црква и Римокатоличката црква, како и за православно-католичкиот дијалог воопшто. Искажано е мислењето дека треба да се користат инструментите на дијалог заради согласување на позициите околу овие проблеми, коишто во моментов се актуелни. Папата Бенедикт изрази задоволство поради резултатите од посетата на Алексиј II на Париз и Стразбург и ја истакна важноста на таа посета како за христијанското сведоштво во секуларизираниот свет, така и за односите на двете страни. Тој го замоли митрополитот Кирил да му ги пренесе на Рускиот патријарх Алексиј II неговите срдечни поздрави со желби за здравје и Божја помош во архиерејското служење.

 

Известува: Оддел за надворешни црковни врски на МП