Митрополит Николај повикува на воведување на вероучение во училиштата
 
 
 
 
 

Митрополит Николај повикува на воведување на вероучение во училиштата (08.12.2007)

„Иднината на нацијата зависи од тоа како ќе бидат воспитани нашите деца“, изјави Неговото Високопреосвештенство Пловдивскиот Митрополит Николај на Конференцијата „Правата на граѓаните, успешното управување и локалната власт“ одржана вчера во Пловдив.

 

„Од Бугарската Православна Црква денеска се очекува да направи нечуени и невидени чуда. И таа, ве уверувам, се стреми да го потпомогне подобрувањето и просперитетот на нашата нација, но резултатот не зависи само од неа. Тој зависи и од одзивот на сите институции, на кои Црквата им се обраќа. Во контекстот на темата за успешно управување, тоа што сум тука означува дека не е пренебрегнато значењето на Бугарската Православна Црква како духовна власт. Сметам дека Црквата и Православието имаат достојно место што се однесува на локалната власт. Да не го заборавиме нејзиното значење во историскиот контекст. Црквата никогаш не го излажала ниту погрешно го водела својот народ, напротив, го изведувала од беда во благоденствие и спасение“, рече Владиката Николај.

Владиката Николај изрази благодарност и задоволство поради донесениот Закон за вероисповеди, што е спасително дело за целиот народ. Но, тој исто така упати „барање за правото на православните христијани да учат, да се запознаваат и воспитуваат во верата и благочестието и во бугарските училишта. Вистина е дека има институции што советуваат дека Црквата треба да го прави тоа во храмовите. Можеби тој совет ќе звучеше актуелно ако бевме под турско ропство, но сега е време на слобода и демократија кога Црквата се стреми да изгради духовна институција на нацијата и не очекуваме и не дозволуваме бугарското училиште да се стреми кон нејзино разрушување.“

„Јас верувам и се надевам, според зборвите на светиот апостол Павле, дека христијанската надеж никого не посрамила, нема да се посрамиме и ние бидејќи нашите деца ќе растат во вера, благочестие, евангелска христијанска добродетел, затоа што сето ова што го правиме, не се сомневам, е за доброто на нашиот народ. А иднината на нашата нација се нашите деца и од тоа како ќе биде воспитана нашата нација – во добродетели или не – зависи од нас, и сега, зависи од добрата волја на локалната власт.“

 

Известува: Православие.бг