Романската Црква прави напори за активирање на социјалната дејност
 
 
 
 
 

Романската Црква прави напори за активирање на социјалната дејност (12.12.2007)

Вчера, во палатата на Романската патријршија се одржа средба на епархиските координатори за социјални програми на Романската Црква. На средбата присуствуваа и претставници на Министерството за труд и семејство, како и невладини организации, кои сакаат, во соработка со Црквата, да се вклучат во областа на социјалните дејности.

Темите, коишто се дискутираа, се поврзани со: конкретни начини на исполнување и применување на Протоколот за соработка во областа на социјалните дејности меѓу Романската Влада и Патријаршијата од 2 октомври 2007 година; можностите за соработка на асоцијациите и фондациите, заради развој на дејноста со благослов на Црквата; користење на европските и владините фондови за реализирање на социјални проекти; партнерство меѓу епархиите во областа на социјално-добротворната дејност. На оваа средба присуствуваше и Романскиот патријарх Даниел.

 

Извор: Crestinortodox.ro