Руската Црква ги штити правата на православните Кинези (13.12.2007)
Руската Православна Црква вети дека ќе ги продолжи разговорите „со овластените организации на Народна Република Кина со барање за нормализација на позицијата на православните верници во оваа земја.“
„Православието во Кина, кое има историја од пред повеќе од 300 години, сè уште поминува низ тешки времиња“, вели Рускиот патријарх Алексиј II, во писмо по повод 50-годишнината од Кинеската автономна Православна Црква.
Патријархот Алексиј изрази верба дека „Кинеската Православна Црква, која беше организирана со напорите на руските мисионери и украсена со хероизмот на кинеските маченици и со маките на мнозина нејзини верници, ќе заживее после сите тие страдања и ќе засветли во со благодатта исполнето семејство на Православните Цркви.“
„И Руската Црква, која е Мајка на Кинеската Црква и која пред половина век ѝ даде независност во организација на нејзиниот внатрешен живот, ќе продолжи да се моли за сите кинески браќа и сестри по вера, истовремено продолжувајќи го дијалогот со овластените организации на Народна Република Кина, барајќи нормализаирање на позицијата на православните верници во оваа земја“, рече патријархот.
„Сигурен сум дека овие напори да се нормализира животот на Кинеската Црква ќе помогне да се достигне хармонија во кинеското друштво и да се зацврсти меѓусебното разбирање, соработка и добро-соседски односи меѓу народите на Русија и Кина“, рече тој.
Извор: Orthodox News