Изјава на Цариградскиот патријарх во врска со последните случувања (17.12.2007)
Во својата беседа изговорена во скитот на свети Андреј во Халки, Цариградскиот патријарх Вартоломеј, нагласи дека разните инциденти кои настанаа во последно време „како демолирањето, овде во Халки, на едно свето место на нашите Отци“, црквата на Светото Преображение, не создава ни малку услови за соработка и пријателство меѓу Грците и Турците“, додавајќи дека „и инцидентите како палењето на автомобилите на дипломатската турска делегација во Атина не создаваат пријателство и доверба меѓу двата народа, ниту пак останатите перфидни и подмолни напади, како она што му беше направено на новинарот Андреас Робопулос повеќе дена во центарот на градот“. На крајот патријархот направи споредба со посетата на грчкиот премиер на Фанар, што е прва официјална посета на еден грчки премиер на Турција од пред половина век, случување во рамките на заедничките напори во поглед на подобрување на атмосферата на меѓусебна доверба и креативна соработка.“
Извор: Orthodoxie.org