Обединувањето на Руската Црква - главно случување во 2007 година
 
 
 
 
 

Обединувањето на Руската Црква - главно случување во 2007 година (17.12.2007)

Обединувањето на Руската Православна Црква во татковината и надвор од границите беше главно црковно случување во 2007 година, рече Рускиот патријарх Алексиј во интервју за Телевизијата „Вести 24“.

 

„Актот за канонско единство меѓу Московската Патријаршија и Руската Православна Задгранична Црква беше главен настан во изминатата година“, рече тој.

 

Московската Патријаршија има околу 700 парохии надвор од границите, вклучувајќи ги и 300 парохии кои се под управа на РПЗЦ, рече тој.

 

Патријархот ја нагласи важноста за воспоставување на поблиски односи со Русите што живеат во странство. „Многу е важно да се обедини рускиот свет, кој е расеан и кој преку Црквата, преку православните парохии ја чувствува својата жива врска со својот народ. Многу е важно да не ја прекинеме оваа врска“, рече тој.

 

Патријархот ја искоментира својата неодамнешна посета на црква на РПЗЦ во Минхен.

 

„Поглаварот на Руската Православна Црква ја посети за прв пат црквата на РПЗЦ. Не почувствував никакви последици на поделбата и отуѓувањето кое порано постоело.“ 

 

Извор: Интерфакс