Израел официјално го призна Ерусалимскиот патријарх (17.12.2007)
Израелската Влада официјално го призна Теофил III за Ерусалимски патријарх. Прашањето беше разгледано за време на вчерашното заседание на Министерскиот совет којшто го одобри неговото признавање.
Заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Теодорос Касимис, кој беше подоцна информиран, го прими ова решение, како што тој опишува, како чекор соодветен на ангажманите на Израел пред меѓународната заедница и Грција по однос на поклоничкиот статус и вековните привилегии на Ерусалимската патијаршија. Тој исто така изрази увереност дека овој чекор ќе ја олесни свештената мисија на Патријаршијата во корист на христијанството и светот.
Патријархот Теофил беше избран за поглавар на Ерусалимската Патријаршија во август 2005 година и беше веднаш признат од три држави: Грција, Палестина и Јордан, но не и од Израел, кој досега го признаваше поранешниот патријарх Иринеј.
Специјална комисија, назначена од Израелската Влада пред два месеца, го проучи ова прашање и го предложи признавањето на патријарјхот Теофил, утврдувајќи дека нема причина ова прашање да остане нерешено.
Извор: Pravoslavie.bg