Средба на Рускиот патријарх Алексиј со премиерот на Грција
 
 
 
 
 

Средба на Рускиот патријарх Алексиј со премиерот на Грција (18.12.2007)

 

На 18 декември 2007 година, во патријаршиската резиденција во Москва, Рускиот патријарх Алексиј II го прими премиерот на Грција г. Костас Караманлис.

При средбата Рускиот патријарх изрази увереност дека неговата посета ќе донесе склад во развојот на руско-грчките односи, ќе послужи како поттик за укрепување на духовните, културните и економските односи меѓу двете братски земји. Патријархот Алексиј истакна дека рускиот и грчкиот народ одамна ги обединува тесна духовна врска.

 

 

 

Извор: Официјалниот сајт на Руската Православна Црква