Интервју со Митрополитот Калист (Вер)
 
 
 
 
 

Интервју со Митрополитот Калист (Вер) (18.12.2007)

На сајтот на Украинскиот католички универзитет во Украина објавено е интервју со митрополитот Калист (Вер), подготвено од о. Андреј Дудченко од Московската Патријаршија.

Митрополитот Калист во интервјуто забележува дека „дијалог што најповеќе ветува е оној со Источните православни цркви, или дохалкидонските, кои вообичаено ги нарекуваме „монофизитски“, термин кој почна да се одбегнува. Верувам дека по ова прашање нема потешкотии од догматски карактер“. Тој во врска со ова ги истакна препреките и спротивставувањата: „Од православна страна, спротивставувањето доаѓа од монасите на Света Гора, како и од поедини професори од Светогорскиот универзитет. На дохалкидонската страна, пак, сѐ уште има расправии“. Со Римокатоличката црква „прашањето е попроблематично“, додека тој не е оптимист во врска со дијалогот со Англиканската црква. „Поточно: разликите меѓу нас не се само во верата“. „Денес, се соочуваме не само со проблемот на ракополагање на жени, туку исто така и со појавата на поедини англикански заедници кои благословуваат брак меѓу хомосексуалци. Сето ова е неприфатливо за православните.“

Извор: Uca.edu.ua