За Рускиот патријарх формирањето на трите епархии на Романската Црква во Молдавија е нарушување на каноните (19.12.2007)
Рускиот патријарх Алексиј II ја искритикува одлуката на Светиот Синод на Романската Црква од 24 октомври за „возобновување“ во Молдавија на три епархии под јурисдикција на Бесарабската митрополија која е непризната од Руската Православна Црква.
„Ова е едно грубо мешање и нарушување на канонските правила на Руската Православна Црква“, рече патријархот во среда при средбата со поглаварот на Православната Црква на Чешка и Словачка г. Христофор во манастирот на свети Даниел во Москва.
Патријархот изрази жалење бидејќи неодамнешната средба меѓу делегациите на Московската Патријаршија и Романската Патријаршија во Бугарија заради решавање на конфликтот „не донесе резултати, и дека романската страна инсистира на своето мислење“. Алексиј II во исто време му се заблагодари на митрополитот Христофор поради јасната позиција на неговата Црква во врска со овој конфликт. „Ви благодарам за вашата јасна позиција дека овие прашања треба да бидат решени по пат на дијалог“, истакна поглаварот на Руската Православна Црква. Тој исто така подвлече дека одлуката на Романскиот Синод за возобновување на трите епархии во Молдавија била донесена после изборот на новиот Романски патријарх Даниел.