Извештај од конзилиумот на лекари од ВМА за здравствената состојба на Српскиот патријарх Павле
 
 
 
 
 

Извештај од конзилиумот на лекари од ВМА за здравствената состојба на Српскиот патријарх Павле (19.12.2007)

Во извештајот којшто на 18 декември 2007 година беше доставен до Светиот Архиерејски Синод на СПЦ од постојаниот конзилиум на лекари од Војно-медицинската академија, потпишан од началникот на ВМА проф. др. Миодраг Јевтиќ, се вели:

„Општата здравствена состојба на Неговата Светост Српскиот патријарх Павле е во фаза на стабилизација. Поради спроведената антибиотска терапија, инфекцијата на дишните канали е во постепено смирување. Неговата Светост само повремено има блага повишена телесна температура, свесен е, комуникативен, внесува храна на уста. Се спроведува комплетна програма на физикална терапија.“

Информативна служба на СПЦ

 

извор: Spc.yu